април 19, 2026

На социјалните мрежи кружи вирално видео од Оскарите на кое актерката Хали Бери му приоѓа на актерот Адриен Броди на црвениот тепих и страсно го бакнува пред сите.

Бери однапред и се извини на долгогодишната девојка на Броди, Џорџина Чепмен, велејќи: „Извини Џорџина, но морам да го сторам ова“, а потоа го бакна Броди.

Модната дизајнерка, која е во врска со Броди од 2020 година, за „Екстра“ проговори за виралниот бакнеж, а нејзиниот коментар насмеа многумина.

„Тоа беше само момент, нели?“ рече таа, а потоа додаде: „Мислам, како можеш на маж да му скратиш бакнеж со Хали Бери?“

Бери му се одмазди на Броди за познатиот бакнеж на Оскарите во 2003 година. Кога на сцената му го врачи Оскарот за најдобар актер, кој го доби благодарение на улогата во филмот „Пијанист“, Броди ја бакна пред сите. Подоцна тврдеше дека бакнежот бил непланиран и целосно ја изненадил, а Бери изјавила дека чекала 22 години за да го „фати“ на црвениот тепих и да го бакне.

Share

The post (Видео) Девојката на Адриен Броди реагираше на неговиот бакнеж со Хали Бери на Оскарите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK