април 19, 2026

На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(76) од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(27) од Охрид.

Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на моторциклот констатирал смрт а полициски екипи предводени од јавен обвинител вршат увид на местото на незгодата, за јавноста и медиумите извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK