април 19, 2026

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц го освои златниот медал на големата скокалница на Светското првенство во Трондхајм.

Завршната дисциплина во скијачки скокови на годинашното Светско првенство во нордиско скијање во Трондхајм донесе нова радост за Словенците, нов успех и потврда за доминацијата на натпреварувачите од оваа земја во скијачките спортови.

Домен Превц ги надмина конкурентите на големата скокалница, кога забележа скок од 140,5 метри.

Со златниот медал на Домен Превц, репрезентатовците на Словенија го крунисаа исклучително успешното Светско првенство во Норвешка, откако претходно неговата сестра Нина исто така освои злато.

За потсетување, таа пред два дена го освои вториот медал со скок од 134,5 метри или 150,9 поени.

19-годишната Словенка на Светското првенство во Трондхајм, освои три медали, откако претходно го освои среброто во мешана екипна конкуренција.

Share

The post Словенија има брат и сестра кои се светски шампиони appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK