април 20, 2026

Серијата од осум победи во низа, во која беа кошаркарите на ЛА Лејкерс, заврши во Бостон. Селтикс славеа со 111:101, предводени од Џејсон Тејтум и Џејлен Браун кои постигнаа 40 односно 31 поен.

Повеќе од поразот Лејкерси ги загрижи повредата на Леброн Џејмс, кој пред време го заврши натпреварот.

Џејмс заработи повреда на препоните на левата нога. Првично се очекуваше Леброн да биде надвор од терените неколку дена, но новинарот на ЕСПН Дејвид Мекманаман тврди дека ситуацијата е посериозна. Овој извор тврди дека Леброн ќе биде биде надвор од терените со недели, а не со денови.

Џејмс натпреварот го заврши со 22 поени, 14 скока и девет асистенции.

Лејкерси имаат скор 40-22 и се на третото место на Западот.

Share

The post (Видео) Повредата на Леброн е сериозна, ќе отсуствува со недели? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK