април 20, 2026

46-годишен маж од ресенско село го загуби животот, а две лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен.
Во сообраќајната несреќа учествувале возило марка „БМВ” управувано од 46 – годишен жител на ресенско село кој удрил во возило „пежо”, а потоа патничкото возило „пежо“ удрило во друго возило „БМВ” управувано од 47 – годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. Од ударот на лице место починал 46 – годишниот возач на „БМВ”, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен, информираат од СВР Битола.

Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ” се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK