април 20, 2026

Фудбалерите на Аталанта на Јувентус му одржаа фудбалска лекција во Торино, кој изгледаше како тим кој се бори за опстанок, а не како да се наоѓа на четвртото место на табелата. Конечниот резултат беше 4:0 за Ла Деа.

По 28. рунди во Серија, Аталанта е трета на табелата со два бода помалку од Наполи и три од лидерот Интер. Многу работи ќе бидат појасни во борбата за титулата веќе во следното коло кога Аталанта ќе го пречека Интер.

По првиот дел Јуве губеше само со 0:1. Ретеги погоди од пенал и го постигна 22. гол сезонава.

Дебаклот на Јувентус дојде во вториот дел. По само 40 секунди игра Де Рон ја зголеми предноста, а потоа погодија и Запакоста во 66. и Лукман во 77.минута.

Share

The post (Видео) Аталанта среде Торино му одржа час по фудбал на Јувентус appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK