април 20, 2026

Полицијата во период од два дена привела две лица поради возење под дејство на алкохол. Едното лице било приведено во близина на Штип додека другото во Кичево.

На 09.03.2025 во 18.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 63-годишниот Ч.С. од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај.

Исто така на 10.03.2025 во 00.35 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 49-годишниот Ж.М. од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK