април 20, 2026

Јавното обвнителство поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во Катланово.

„На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека постои реален ризик да се предизвика опасност, запалил оган кој се проширил од ветрот што довело до опожарување на површина од 4,7 хектари од кои еден дел била дабова шума и ниска вегетација. Со пожарот била причинета штета проценета на околу 196.000 денари“, велат од Обвинителството.

Од таму посочуват дека надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побарал да бидат определени мерки на претпазливост- обврска осомничениот повремено да се јавува во Судот и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK