април 20, 2026

Државните институции набавиле нови патнички возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг за две години (2023 и 2024 година). Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50.000 евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели, покажуваат резултатите од истражувањето што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Истражувањето открива дека најскапо набавено возило од 55.000 евра е на Општина Шуто Оризари, додека Општина Прилеп набавила, па го раскинала договорот за возило од 63.000 евра.
Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра. Омилен бренд на функционерите им е Шкода, од која е набавено секое трето возило.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK