април 20, 2026

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 16.09.2024, пријавениот телефонски стапил во контакт со едно женско лице, лажно се претставил дека е менаџер на Агенција за помош на жртви од измами и дека ќе ѝ помогне да ги врати паричните средства од претходна измама во износ од 5.000 евра, по што побарал од неа на телефонот да симне апликација и да му даде лозинка за да има увид во нејзината трансакциска сметка.

По ова, таа подигнала кредит од 200.000 денари, од кои 150.000 денари ги уплатила на трансакциска сметка на пријавениот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK