март 15, 2025

Мишел Обама неодамна го најави својот нов подкаст IMO, кој го води заедно со нејзиниот брат Крег Робинсон. Во новата епизода поранешната прва дама откри дека нејзиниот сопруг Барак Обама има навика која навистина и пречи.

„Тој мораше да се прилагоди на она што за мене значи дека сме на време“, рече таа. Како што вели, кога и да се подготвувале за пат, Барак во последен момент се сеќавал дека треба да оди во тоалет, на пример.

„Му реков: Ако треба да одиме во 3 часот, дотогаш требаше да го направиш сето тоа. Престани да ги бараш очилата ако веќе треба да сме на пат“, додаде таа. Во текот на 30-те години во брак, таа вели дека Барак многу работел на тоа.

Да потсетиме, веќе некое време се шират гласини дека бракот на Обама е во неволја. Сè се засили откако Барак се појави на инаугурацијата на Трамп без неговата сопруга, која беше единствената прва дама која не дојде на инаугурацијата. Неколку дена претходно Барак ги демантираше гласините за развод и и посвети роденденска објава на својата сопруга.

Share

The post (Видео) Мишел Обама не поднесува една навика на нејзиниот сопруг: „Поради него секогаш доцниме“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK