април 20, 2026

Двете лица чиј чамец се преврте во Мавровското Езеро се извлекле и се наоѓаат во возило на итната медицинска помош, информираше пред малку директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тие претходно успеале да го вратат чамецот во нормална позиција и потоа да се вратат во него.

Случајот бил пријавен преку единствен број за итни повици 112 околу 12.30 часот од страна од случаен минувач, по што беше покренета спасувачка акција во која се вклучи и полициски хеликоптер со тим од специјалната единица Тигар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK