март 16, 2025

На 14.03.2025 во СВР Струмица, 27 – годишна жена од струмичко село пријавила нејзиниот четиригодишен син се плашел да ја посетува градинката во струмичко, во која претходно одел.

Според пријавеното, откако на 11.03.2025 го однела во градинката, детето почнало да плаче и кажало дека една од вработените му се заканила дека ќе го затвори во подрум, доколку не бил мирен и дека заканите ги слушнала друга вработена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK