Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Виљареал со 2:1 (2:1) по пресвртот во 28. коло од шпанската Ла Лига.
„Кралскиот клуб“ успеа да направи пресврт, да освои три бода и накратко да го заземе првото место во шпанското првенство благодарение на головите на Килијан Мбапе.
Не почна најдобро за избраниците на Карло Анчелоти, кои губеа од 7. минута, кога Виљареал поведе преку Хуан Фојт.
Предноста на Виљареал траеше само 10 минути, бидејќи Килијан Мбапе во 17. минута успеа да постигне гол за израмнување.
Истиот играч повторно погоди во 23. минута на асистенција на Лукас со што го постави конечниот резултат 2:1.
Реал моментално е прв на табелата со 60 бодови, додека Виљареал е на шестото место со 44.
The post (Видео) Два гола на Мбапе за триумф на Реал кај Виљареал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде