април 20, 2026

Директорката на болницата во Кочани доктор Кристина Серафимова предмалку на прес конференција рече дека загинатите во пожарот во дискотеката ноќеска се од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани.
Примивме 70 лица, за жал меѓу нив имаше донесени и починати. Пациентите беа со изгореници и со интексикација од јаглероден моноксид. Потоа се пренесени во Клиничка болница Штип и оттаму некои се препратени за Скопје. Во моментот кај нас, има 20 пациенти со полесни симптоми. Починати се многу лица, но додека не заврши идентификацијата, не можеме да соопштиме колку се починати. Тешко беше да се идентификуваат дел од лицата зашто дел од нив немаа лични карти. Починатите беа на возраст од 14 до 24 години, изјави директорката на болницата во Кочани доктор Кристина Серафимова.

Слободен Печат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK