април 20, 2026

Во дискотеката „Пулс“ каде што избувна ноќеска пожар имало деца од 14 до 20 години.
Над 70 лица биле донесени во кочанската болница, а дел од нив веќе беа починати, а дел во моментот починуваа. Некои беа со лични карти, некои не. Има деца од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани, рече директорката на кочанската болница, Кристина Серафимова.

За тоа колкава е трагедијата од пожарот во изјава за медиуми даде изјава татко на едно од загинатите деца.

-Над 150 фамилии ќе страдат. Не ми треба мене веќе живот, што ќе ми е живот. Едно дете имав. Кај три часот ноќеска дознав за пожарот. Цела ноќ сум таму, не можат да ги препознаат децата беа изгорени, рече родителот на детето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK