април 20, 2026

Градоначалникот на Општина Струмица преку објава на Фејсбук соопшти тажна вест за своите сограѓани.

Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…“, напиша Костадинов.

Тој додаде дека со неизмерна тага ја примил веста за оваа трагична загуба.

„Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции“, стои во објавата.

„Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, заклучи Костадинов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK