април 20, 2026

Македонскиот фудбал остана без едно име во трагедијата во пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани. Андреј Лазаров, членот на Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница.

Откако јавноста објави дека се бара Андреј Лазаров, се огласи Шкупи од каде посочија дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров не издржа, заради изгореници и вдишување на чад почина на 25-годишна возраст.

Младиот кочанчанец оваа сезона беше дел од Шкупи, а низ кариерата играше за хрватските клубови Горица и Рудеж, како и за Тиквеш, Работнички и Металург.

Повеќе колеги се простуваат од Андреј Лазаров на социјалните мрежи… Нека почива во мир, сочувство до семејството од редакцијата на Gol.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK