април 20, 2026

Медицински авион на бугарското воздухопловство слета попладнево на Скопскиот аеродром за да преземе дел од критичните пациенти настрадани при пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Авион од типот Алениа Спартан е со медицинска екипа, лекари за реанимација и специјалисти за изгореници.

Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека повредените кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на лекување во Бугарија, Турција, Грција и во Србија кои понудија помош неколку часа по несреќата.

„Се јавија и болници од Холандија, од Албанија. Оставам на анестезиолозите да одлучат за понатамошниот третман на најкритичните пациенти“, рече Таравари.

Во пожарот кој утрово околу 2 часот изби во кочанската дискотека според досегашните официјални информации загинаа 59 лица, меѓу кои има малолетници. Хоспитализирани се 155 луѓе од различни здравствени установи низ државата. Загинатите се на возраст од 14 до 25 години, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип.
Sdk.mk

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK