Атлетико и Барселона одиграа уште еден спектакуларен натпревар, овојпат на „Метрополитано“ во Мадрид. Во 28.коло, Барселона победи со 4:2 иако до 72.минута имаше негатива од два гола.
Атлетико поведе со голот на Хулијан Алварез во 45.минута. Аргентинецот ја реализраше акцијата која ја започна Гризман, а Симеоне му асистираше на сонародникот.
„Јорганџиите“ предноста ја зголемија во 70.минута преку Серлот. Ова е шести натпревар по ред на кој Норвежанецот постигнува гол против Барселона.
Тука, Атлетико застана, дали остнаа играчите на Чоло Симеоне без енергија, по исцрпувачкиот меч против Реал во средата, најдобро може да одговори тој самиот.
Левановдки намали на 2:1 во 72.минута, а шест минути подцна Феран Торес го изедначи резултатот.
Во судиското надополнување целосен шок за „јорганџиите“. Ударот на Јамал од 20 метри во 92.минута удри во Реинилдо, топката целосно го смени правецот го измами Облак и заврши зад неговиот грб.
Точка на мечот ставо Феран Торес во 97.минута.
Барселона, со натпревар помалку, се изедначи со Реал на првото место. Двата тима имаат по 60 бодови, четири повеќе од Атлетико.
The post (Видео) Барселона со спектакуларен пресврт на „Метрополитано“, од 2:0 до 2:4 против Атлетико appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде