април 20, 2026

Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење за да им се оддаде почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани. По трагичниот настан во кој животот го загубија 59 млади лица, а над 100 се хоспитализирани, Владата донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на целата територија на државата. Казните за непочитување на оваа одлука ќе бидат ригорозни.

Како дел од реакцијата на трагедијата, на денешната седница беше донесена одлука за вонреден инспекциски надзор над угостителски објекти, како кабареа, ноќни клубови и дискотеки, кои ќе бидат подложни на инспекција од Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена. Владата ќе биде информирана за наодите, а инспекцијата има за цел да утврди дали овие објекти работат согласно законите и прописите на државата.

Во меѓувреме, Владата ја активирала и барањето на меѓународна помош. Институциите веќе собираат материјални докази, а секој што е инволвиран во трагедијата и свесно придонел за загрозување на човечките животи ќе одговара пред органите на правдата.

Владата исто така ги охрабрува граѓаните да не го политизираат случајот и да дозволат институциите да го расветлат настанот. Сите информации за трагедијата ќе бидат транспарентно достапни за јавноста.

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите и се надеваме на брзо закрепнување на повредените.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK