Причина за средбата во Тирана на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на македонските политички партии од албанскиот блок, се „интензивните настани во Македонија веднаш по Новата година“, изјави аналитичарот Арбен Раткоцери за „ТВ21“.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Според него, тие внатрешни случувања се „неколку различни идеи“ во владината коалиција, во кои, вели, неодамна е активиран и експремиерот Зоран Заев, а се однесуваат на проширена коалиција на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, оценува Раткоцери, може да се дефакторизира албанскиот политички фактор во земјава.
Како што вели тој, доколку тоа би се однесувало на уставните измени, не би било проблем.
„Но, со идејата за формирање 8-годишна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тогаш најоштетени ќе бидат сите албански партии“, тврди аналитичарот.
Претходно, министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека нема и не треба да се бара конспиративна заднина зад патувањето на албанските политички лидери во Тирана, бидејќи, според него, тоа е едноставна новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања од регионот, а во контекст на претстојната тешка година исполнета со предизвици, европски но и во регионот. Османи тука ги наведе и „заедничките аспирации на двете земји за продолжување на преговорите за членство во ЕУ“.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинувајќи ги премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на Левица Димитар Апасиев дека му се „маша“ на Али Ахмети, забележаа дека „е интересно“ како единствено на СДСМ не ѝ пречи средба на која „за македонските прашања политичари ќе се координираат во Тирана“.
„Очигледно Али ќе ја учи и Тирана за зелената агенда. Или Тирана ќе спрема втора тиранска платформа која после Али ќе му ја даде на Ковачевски?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Единствениот договор кој треба да го има, додаваат, е обединување против криминалот и договор за избори, за народот да одлучи.