Фудбалерите на Болоња по само шест минути постигнаа гол на вечерашната пресметка на домашен терен против Аталанта и тоа преку Рикардо Орсилини (види ТУКА), кој веднаш емотивно погледна кон небото.
Тоа значеше поглед кон доскорешниот тренер Синиша Михајловиќ, кој почина пред неколку недели како последица на долгата борба со леукемија. Неговиот потег предизвика емоции на трибините, каде што навивачите на Болоња имаа транспаренти со кои се збогуваа со својот миленик.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Овој погодок значеше водство на домашните во првото полувреме, но гостите веднаш по стартот на второто изедначија преку Купмејнерс, за пред да мине еден час Хојлунд донесе целосен пресврт за тимот од Бергамо.