март 22, 2025

Гледач на Инфомакс денеска бил нападнат од страна на обезбедувањето на прилепската болница бидејќи снимал дека хидрантите во болницата немаат црево, односно се нефункционални.
Видеото кое можете да го погледнете подоле, покажува дека ниту еден од хидрантите нема црево, а во хидрантите има сместено отпад, остатоци од јогурти и слично.

– Ја чекав сопругата на преглед, немаше други лица, дури ја чекав забележав дека хидрантот е отворен и има два јогурти внатре, дека има неправилности, дека е опасно да нема во болница таква работа, може да се случи Кочани, или било кое друго место.

Сликав, снимав и објавив на социјалните мрежи и по 10 минути дојдоа сестри, ме прашаа зошто сум објавил, го објавив и еве сега викнаа обезбедување со комбе и не ме пушташе обезбедувањето да заминам, ме фати за врат. Немаше лица никаде на видеата, секаде беа отворени хидрантите. Обезбедувањето викна полиција, даде изјава, во прилеп, во болницата Борка Талевски, истакна гледачот во своето обраќање кое го испрати до Инфомакс.
Видео Тука

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK