март 23, 2025

Клуб Леон од Мексико е исфрлен од Светското клупско првенство кое летово првпат ќе се одржи во нов формат.

Комисијата за жалби на ФИФА ја донесе оваа одлука откако ги разгледа дисциплинските постапки против мексиканските тимови Пачука и Клуб Леон.

Утврдено е дека овие клубови ги прекршиле пропишаните правила за сопственост на повеќе клубови.

Поради ова, ФИФА одлучи да го суспендира учеството на клубот чиј најпознат играч е Хамес Еодригез, поранешен член на Реал Мадрид и колумбиската репрезентација.

Светското клупско првенство ќе се игра од 14 јуни до 13 јули во САД. Ќе учествуваат 32 клуба, а подоцна ќе биде објавено кој ќе го замени Клуб Леон.

Share

The post Мексикански клуб исфрлен од Светското клупско првенство, прекршени се правилата за сопственост на повеќе клубови appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK