март 23, 2025 11:41:07 PM

Карлос Алкараз, најголемиот претендент за титулата на Мастерсот во Мајами доживеа елиминациј во првиот меч на турнирот. Подобар од третопласираниот тенисер во светот беше белгискиот ветеран Давид Гофин, моментално 55. на АТП листата.

Алкараз не беше ниту сенка на играчот кој има титула на овој Мастерс. Шпанецот го доби првиот сет, но потоа нагло попушти, дозволувајќи му на својот 34-годишен противник да доминира на теренот, 5:7, 6:4, 6:3.

Алкараз го „предаде“ форхендот. Со овој удар направи 28 од 43. неизнудени грешки.

Вклучувајќи ги овие две победи против Карлос, Гофан има три последователни триумфи против топ-три ривали, лани го победи и Александар Зверев во Шангај. Инаку во 202 година, исто така на бетонска подлога, Гофан го победи Алкараз на турнирот во Астана.

Во третата рунда Гофан ќе игра против Брендон Накашима кој го совлада Шпанецот Карбаљес со 6:4, 4:6, 6:3.

Share

The post Гофан го елиминира Алкараз appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK