март 24, 2025

Фудбалерите на Аргентина забележаа нова победа во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство. И без Лионел Меси,Аргентинците во Монтевидео го совладаа Уругвај со 1:0.

Аргентинците на тој начин ја продолжија доминацијата во јужноамериканските квалификации, имаат 28 бода, шест повеќе од Еквадор и седум од Бразил, со кого ќе се сретнат во следната рунда.

Иако Лионел Скалони не можеше да смета ниту на Лео Меси, ниту на Лаутаро Мартинез, се појави Тиаго Алмада, асот на Лион кој го постигна единствениот гол на натпреварот. Во 68.минута по додавањето од Хулијан Алварез, од речиси 25 метри ја скина мрежата на Уругвај.

Share

The post (Видео) Може и без Меси – Торпедото на Алмада го урна Уругвај appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK