март 24, 2025

На социјалните мрежи се прошири снимка од познатиот фудбалер Кристијано Роналдо во која открива кога ќе се ожени со својата партнерка Георгина Родригез со која е во врска девет години.

 

 

 

 

Имено, 40-годишниот фудбалер и 31-годишната аргентинска убавица имаат и две заеднички деца, а Георгина е маќеа на неговите други три деца. Двојката никогаш јавно не потврдила дека се верила, па дури и нејзините пријатели ја испрашувале кога ќе се омажи за фудбалерот, пишува „Дејли мејл“.

 

„Тие секогаш се шегуваат за мојата венчавка. Ме прашуваат кога ќе биде, а откако Џенифер Лопез ја објави песната ‘The Ring or When’, тие постојано ми ја пеат. Но, јас им велам дека тоа не зависи само од мене“, признала таа во документарниот филм на Нетфликс – „Ја сум Георгина“.

 

Но, Португалецот за сè има одговор, па во виралната снимка вели дека ќе се ожени со неа „кога ќе биде вистинското време“ и кога „сè во нивниот живот ќе дојде на свое место“.

 

„Секогаш ѝ велам дека ќе се венчаме кога ќе дојде време. Како и сè што ни се случило во нашите животи досега, таа знае за што зборувам. Можеме да се венчаме за една година, шест месеци или за само еден месец. А јас сум 1000 отсто сигурен дека венчавката ќе се случи“, рекол Роналдо.

 

Фудбалерот неодамна ѝ честиташе роденден на Георгина споделувајќи објава на социјалните мрежи. На фотографијата двајцата се заедно во теретана, а во описот напиша: „На мајката, партнерот, пријателката, сопругата… Среќен роденден љубов моја. Твојата светлина не осветлува, а твојата љубов е заразна“.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK