април 19, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп во неодамнешно интервју ја истакна, како што рече, „неверојатната способност за технологија“ на неговиот син Барон. Како пример за тоа, Трамп откри дека неговиот син знае сам да го вклучи својот компјутер.

Во разговорот со водителката Лора Инграхам, тој беше запрашан дали Барон еден ден би можел да се посвети на бизнисот или политиката, како неговиот татко. На тоа, Трамп одговори дека постои и трета можност – технологијата. „Можеби токму тоа ќе биде неговата насока“, изјави поранешниот претседател, а потоа објасни зошто така мисли.

„Само ќе го погледне компјутерот… Јас ќе му го исклучам и ќе му кажам ‘Добро, одлично’, а кога ќе се вратам по неколку минути, тој веќе го вклучил повторно. Го прашувам ‘Како го направи тоа?’, а тој има неверојатен талент за технологијата“, рече Трамп, видно сериозен.

По оваа изјава, веднаш следуваа потсмешливи реакции на социјалните мрежи.

„Вонредна вест: поранешниот претседател е изненаден што неговиот син знае да вклучи компјутер“, гласеа дел од саркастичните коментари.

Share

The post Трамп за 19-годишниот син Барон вели дека е талентиран за технологија оти знае да вклучи компјутер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK