април 19, 2026

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во Кочани.
Дел од општините веќе издвоија средства за оваа намена. Град Скопје првично додели шест милиони денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, Општина Битола два милиони денари, Општините Гостивар, Куманово, Аеродром, Бутел, Центар и Чаир по еден милион денари, додека Општина Делчево 300.000 денари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK