април 19, 2026

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Кина. Австралиецот кој прв пат во кариерата стартуваше од пол-позицијата, на патеката во Шангај ја забележа третата победа во кариерата.

Пјастри победи пред тимскиот колега Ландо Норис, кој задоцни речиси 10 секунди и Џорџ Расел од Мерцедес.

Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен го освои четвртото место пред возачите на Ферари, Шарл Лекер и Луис Хамилтон. Бодови во Шангај освоија и Естебан Окон (Хас), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Алекс Албон (Вилијамс) и Оли Берман (Хас).

Траката во Шангај не понуди никави возбудувања, во најголемиот дел беше исклучително здодевна. На стартот Норис успеа да се пробие на второто место пред Расел, кој се обиде да го нападне Пјастри. На почетокот имаше и контакт меѓу возачите на Ферари, кога двајцата го минаа Ферстапен. Леклер го оштети предното крило, но успеа да ја заврши трката.

Во средишницата на трката блескаше возачот на Хас, Берман со неколку добри претекнувања.

Фнишот го обележаа проблемите на Норис со сопирачките, кој на крајот успеа да дојде до целта како втор, а Ферстапен на три круга до крајот потсети дека е светски првак, кога лесно го мина Леклер во борбата за четвртото место.

Share

The post Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK