април 19, 2026

Јован Јанев ја напушти Левица: „Злоупотребуваат трагедија за политички поени“

Јован Јанев, доскорашен модератор на Црвена Младина, подмладокот на Левица, преку Фејсбук објави дека ја напушта партијата. Причината, како што наведува, е „циничната злоупотреба“ на трагедијата што се случи во Кочани.

„Оваа недела беше тешка за сите, особено за нас од истокот. Но, кога слушнав дека одредени структури во партијата гледаат на трагедијата како ’можност што мора да се искористи максимално‘, сфатив дека веќе нема место за мене во оваа организација“, напиша Јанев.

Иако во последниот период не бил политички активен, како што самиот вели, ова било последна капка. „Политиката треба да биде алатка за промени, а не простор за профитирање врз човечки несреќи“, додаде тој.

Јанев, кој важеше за еден од најистакнатите млади членови на Левица, со оваа одлука ја отвори темата за етичките граници во политичката борба. Дали ваквите постапки ќе предизвикаат внатрешни потреси во партијата, останува да се види.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK