Луѓето не можат без сол, бидејќи таа помага во регулација на вода, крвен притисок и функциите на клетките. Познато е дека прекумерниот внес на солта во организмот има негативни последици по нашето здравје.
Знаејќи го ова, многу луѓе се одлучуваат целосно да ја исфрлат солта од исхраната, но не се препорачува да го направите тоа. Зошто е тоа така?
Солта е важна за хормоните, па ако ја исфрлите од исхраната ќе имате недостаток на јод во организмот, а ова ќе резултира со вишок килограми, сува кожа, чувство на умор и мускулна слабост.
Влијае на срцето
Луѓето коишто имаат проблеми со срцето не треба да претеруваат со солта, но студиите покажуваат дека не треба целосно да ја исфрлите солта од исхраната бидејќи ова може да има многу нуспојави.
Земањето на помалку од пет грама сол дневно помага при намалување на крвниот притисок и намалување на ризиците од кардиоваскуларни болести, мозочен и срцев удар.
Дехидрација
Ако имате недостаток на сол во организмот ќе почувствувате симптоми кои се слични на дехидрираност – сува уста, вртоглавица, жед.
Мачнина
Можеби на почетокот откако ќе престанете да употребувате сол нема да забележите промени во организмот, но ова подоцна може да се одрази и на сите органи, вклучувајќи го и срцето. Еден од првите симптоми е мачнина.
Следете не, не има насекаде