Репрезентативецот на Аргентина Родриго Де Паул се снаоѓа совршено на теренот, што не може да се каже за ситуацијата надвор од теренот.
На 19 декември Де Пол ја освои титулата светски шампион во Катар со Аргентина, но недолго потоа се разведе од сопругата Камила Хомс.
Причина за разводот е неговото неверство, односно фактот дека бил фатен во прељуба. Де Пол најпрвин бил во врска со пејачка, а потоа започнал врска со сегашната девојка Тина Стосел.
Затоа, според договорот на адвокатите на двете страни, тој ќе мора добро да и плати на поранешната сопруга.
Де Пол ќе мора да плаќа 10 отсто од нето заработката месечно, што во моментов е околу 30.000 долари. Во овој дел од договорот е вклучена само неговата заработка од фудбалот, а не и она што го заработува од спонзорските договори.
Договорот вклучува и 150.000 долари во кеш на нејзината сметка.
Камила ќе добие стан во Пуерто Мадера, најелитното подрачје на Буенос Аирес, како и апартман во хотелот кој се наоѓа во тие згради. Ќе добие и уште еден стан во Буенос Аирес.
Неутешната сопруга ќе добие два автомобили, по еден во Шпанија и Аргентина, како и целосно одржување на тие автомобили.
Со оглед на тоа што Камила и Родриго имаат две деца од бракот, фудбалерот се обврза на својата поранешна сопруга на секои 45 дена да и плаќа патување во Мадрид, каде што моментално игра за Атлетико, за да може да ги носи децата да го видат нивниот татко. Се подразбира дека патувањето е во бизнис класа, а престојот во хотел со пет ѕвезди е за четири лица, двете деца на Камила и уште едно лице кое Камила го носи на патување. За време на престојот во Европа треба да додадете и 700 евра дневница.
Но, Де Пол не може да се пожали дека е банкрот. Неговото богатство се проценува на 10 милиони долари, додека моментално на пазарот вреди 40 милиони долари.
Следете не, не има насекаде