април 19, 2026

Полициски службеници од СВР Куманово привеле 21-годишен возач од село Никуштак, Липково, кој управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место каде што е дозволено максимум 40 км/ч.

Инцидентот се случил на 24 март 2025 година во 11:30 часот на регионалниот пат Куманово – Никуштак. При контрола на сообраќајот, полицијата утврдила дека возачот на „Фолксваген Голф“ значително ја пречекорил дозволената брзина, поради што веднаш бил приведен.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297а од Кривичниот законик.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK