април 19, 2026

Девет дена по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани кадешто 59 лица ги загубија животите се појавуваат нови детали. Меѓу загинатите е и поранешниот фудбалер на ФК Шкупи, Андреј Лазаров (25), медиумите сега објавија дека Лазаров таа вечер не бил во кобниот ноќен клуб.

Имено, Лазаров бил во Кочани во посета на семејството, а кога слушнал за пожарот отишол таму да им помогне на повредените. По спасувачката акција тој завршил во болница, а иако првично беше објавено дека е надвор од животна опасност, состојбата наеднаш се влошила и починал како последица од труење со јаглерод моноксид.

Лазаров претходно играше за Горица, Хрватска 14 пати во првата лига, од кои осум сезонава. За Рудеш одигра 13 натпревари со еден гол, а во септември минатата година од замина во Шкупи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK