април 16, 2026

На 28.03.2025 околу 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани ги лишиле од слобода О.С.(18) од Куманово, М.А.(54) од Кочани, Е.М.(25) од Виница, Џ.А.(34) од Виница и С.М.(38) од Кочани. Тие биле затекнати во патничко возило „мерцедес” со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрeс во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK