април 25, 2026

Полициски службеници од ОВР Крива Паланка на 1 април 2025 година во 18:25 часот ги лишија од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф. (44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат за убиството на 84-годишниот Љ.С., кој беше пријавен за исчезнат на 29 март 2025 година.

Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во село Луке. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Куманово.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. По целосното расчистување и документирање на случајот, против уапсените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK