април 27, 2026

Со минута молк за загинатите во кочанската дискотека, Сојузот на синдикати ја почна јавната седница пред Работничкиот дом. Оттаму се упатија кон Собранието, каде побараа минималната плата да биде 500 евра, а сите останати плати да се зголемат за 100 евра.

„Да си ги намалите вашите луксузни пратенички плати на минимална плата, се додека не ги зголемите работничките плати“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ

Продолжија пред Стопанската комора. На работодавачите им порачаа да ги зголемат платите бидејќи секоја година по 10 илјади млади луѓе ја напуштаат Македонија и бараат работа во странство.

„Зголемете ги платите затоа што немаме резервна држава. Ќе си одите вие од Македонија, не ние“ – Иван Пешевски, претседател на СГИП

„Верувајте младиот работник за 500 евра не сака ни да помириса компанија да дојде да работи“ – Игор Герасов, претседател на СИЕР

Протестот заврши пред Владата. Одлуката за 24.400 денари минималната плата ја нарекоа незаконска оти е без мислење од синдикатите и побараа веднаш да биде повлечена.

„На чекор сме до генерален штрајк во целата држава. Немојте да заборавите дека работник ве бира и дека многу лесно, како претходните, од удобната функционерска фотелја ќе се симнете на тврдо работничко столче“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK