април 28, 2026

Фудбалерите на Милан и Интер одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.

Двата гола беа постигнати во вториот дел, а причина повеќе за задоволство имаат домаќините кои во поголемиот дел од натпреварот беа во подредена позиција.

Милан поведе веднаш штом започна вториот дел. Теми Ејбрахам ја прими топката во шеснаесетникот, се ослободи од играч на Интер и со прецизен удар му донесе предност на својот тим.

Росонерите се обидоа да го сочуваат водството и со минимална предност да го дочекаат реваншот на 23 април, но не успеаја.

Се играше 67. минута кога Хакан Чалханоглу со прецизен и силен удар од околу 20 метри го совлада Мајк Мењон.

Share

The post (Видео) Реми во „Дерби дела Мадонина“ во полуфиналето на Купот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK