април 28, 2026

Доналд Трамп воведе нови царини за 60 држави, вклучително и Македонија8, како и земјите од регионот, со што значително ќе се промени динамиката на увозот во САД.
За Северна Македонија е воведена царина од 33%, додека пак Србија е погодена со највисока стапка од 37%, Босна и Херцеговина со 35%. На увезените стоки од Косово е воведена царина од 10%, исто како и за Албанија.

При објавување на царините, Трамп порача дека 2 април 2025 година ќе биде запаметен како „Ден на ослободување“.
Ова е моментот кога ќе ја збогатиме Америка повторно! Нашите работници и бизниси беа жртви на странски мршојадци, но тоа завршува денес“, изјави Трамп.

Според новите мерки, царините на производи од Европа ќе изнесуваат 20%, а најниската тарифа за увоз во САД ќе биде 10%. Посебно ги нападна трговските практики на Канада, Мексико и Кина, инсинуирајќи дека сегашните американски власти ги поттикнуваат економските загуби.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK