април 30, 2026

Актерот Глен Пауел гостуваше во подкастот Today with Jenna & Friends. Во него тој се осврна на гласините дека е во врска со Сидни Свини, која неодамна наводно ја раскинала свршувачката со Џонатан Давино.

Водителката Џена Буш Хејгер го прашала дали е изненаден од бурните реакции на јавноста по фотографиите со Свини, направени на свадбата на неговата сестра Лесли.

„Знаете, се е до тајмингот. Лесли и Сид се навистина добри пријателки, венчавката беше феноменална”, изјави Пауел низ смеа.

Тој додаде дека венчавката била забавна и донекаде „диво“ време со семејството и пријателите. „Семејството Пауел знаат да се забавуваат!“, истакна тој.

Да потсетиме, мајката на Глен, Синди неодамна проговори за се. „Тие дефинитивно не се заедно“, изјави таа за Дејли Мејл во телефонско интервју. Вели дека шпекулациите за врска се „глупави“ и дека ништо не се случува зад затворени врати.

„Ја сакаме Сидни. Само ја сметаме за навистина добра пријателка. Тогаш бевме сите заедно, а одамна ја немавме видено. Таа е вистинска пријателка и сите уживаме да бидеме со неа“, додала мајката на актерот.

Share

The post (Видео) Глен Пауел ги искоментира гласините за неговата врска со Сидни Свини appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK