април 30, 2026

Џим Кери се прости од Вал Килмер, со кого глумеше во филмот „Бетмен засекогаш“ од 1995 година.

„Со голема почит се сеќавам на Вал Килмер, како човек и генерациски талент кој ни остави завидно наследство на извонредни актерски изведби. Неговите брилијантни актерски достигнувања беа конкурентни само со благодатта и храброста со кои се соочи во своите најпредизвикувачки моменти“, рече Кери во соопштението за печатот, изразувајќи сочувство до семејството.

Патем, во филмот „Бетмен засекогаш“, Килмер ги играше Брус Вејн и Бетмен кои се борат за правда во Готам, додека Кери беше негативецот Ридлер.

Вал Килмер почина на 65-годишна возраст. Веста ја потврди неговата ќерка Мерцедес Килмер, која ја доби во бракот со актерката Џоан Вели.

Share

The post Џим Кери се збогува со Вал Килмер: Почит кон него како човек и талент appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK