април 28, 2026

Англискиот репрезентативец Кајл Вокер изјави дека ниту знае, ниту може да каже дали кариерата ќе ја продолжи во Милан.

Кајл Вокер во Милан пристигна во јануари како позајмен играч од Манчестер сити.

Иако се шпекулира дека Милан ќе потпише перманентен договор со него на крајот од сезоната, Вокер вели дека не знае што го чека во иднина.

„Кога ќе дојдеш до точка кога треба да се збогуваш, навистина е тешко. Кога се поздравив, Пеп стана и ми кажа навистина убави работи и ми испрати навистина убава порака, ми се заблагодари за се”, рече Вокер за заминувањето од Сити.

„Но, дозволете ми да ви кажам, не е готово. Овде сум на позајмица. Занм дека дека постои и можност да се вратам. Но, јасно е дека двете страни треба да постигнат договор за сè на крајот од сезоната. Тоа е поглавје што не е целосно завршено, но ќе видиме што ќе се случи”, рече Вокер на прашањето за неговата иднина.

Share

The post Вокер не ја исклучува можноста да се врати во Сити appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK