декември 23, 2024

Холивудската ѕвезда Ева Лонгорија носеше комбинезон од дизајнерот Тони Матичевски на доделувањето на наградите Variety Creative Impact Awards, кое се одржа во Палм Спрингс. Лонгорија е голема обожавателка на креациите на македонскиот дизајнер, па често се појавува во негови фустани на јавни настани. 

Комбинезонот во боја на песок, со набор околу половината, голема крагна и расцепени ракави, е дел од новата ресорт колекција на Матичевски, која ја промовира во моментов.


The post Ева Лонгорија шик во комбинезон од македонскиот дизајнер Тони Матичевски appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK