април 28, 2026

Хали Бери блесна во едно од нејзините попровокативни изданија и покажа дека и кон крајот на шестата деценија зазема високо место на листата на најубави жени во Холивуд.

Сите очи беа вперени во актерката Хали Бери (58), на промотивен настан за Amazon MGM Studios CinemaCon 2025 во Лас Вегас. Ѕвездата на филмот „Monster’s Ball“ изгледаше половина од својата возраст во провокативната комбинација со која го привлече вниманието.

Таа за овој свечен настан избра атрактивна црна комбинација за која жените велат дека е непогрешлива и со која секогаш успеваат да привлечат внимание. Станува збор за проѕирен црн корсет со интересни детали кои не и дозволуваат на холивудската ѕвезда премногу да открие, а кој одлично го истакна нејзиното деколте.

Таа го спои корсетот со структуриран црн блејзер и црно макси здолниште со голем шлиц напред кој ги открива затегнатите и тенки нозе на познатата убавица.

Привлечната фризура на Хали Бери одлично се вклопува со оваа комбинација и неодоливо потсетува на 70-тите.

Share

The post (Фото) Времето минува, таа не старее: познатата убавица изгледа двојно помладо во провокативна комбинација appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK