април 27, 2026

Министерот за здравство Арбен Таравари ја потврди веста за смртта на 60-тиот починат од дисокотеката „Пулс“ во Кочани. Министерот информираше дека овој пациент бил еден од најкритичните пациенти со 40% на изгореници на телото и дијализа поради откажување на бубрезите. Таравари потврди дека има уште тројца пациенти кои се исто така во тешка состојба и активно се следи нивната состојба.

Утрово ја примивме веста дека пациентот, кој се лекуваше во Литванија, починал. Тој беше ставен на дијализа поради откажување на бубрезите на 1 април и имаше 40% изгореници на телото. Подолго време беше во критична состојба. Остануваат уште 3 или 4 пациенти кои се критични, и се надеваме дека другите нема да завршат со фатален епилог. Пациентот имаше инфекција поради огромната површина на раните на телото“ изјави Таравари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK