април 27, 2026

Карло Анчелоти во текот на целата сезона има проблеми со повредини фудбалери, најмногу во дефанзивната линија, па на ред дојдоа и голманите.

Тибо Куртоа и Андреј Луњин нема да можат да настапат викендов гол поради повредите, па на Анчелоти не му преостанува ништо друго освен да му овозможи деби на младиот Фран Гонзалес.

Куртоа се уште не е целосно опоравен од повредата на коленото, но се очекува да биде подготвен за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со Арсенал.

Луњин има проблем со мускулот, се повреди во текот на натпреварот со Реал Сосиедад во Купот, но сепак остана на голот до крајот на натпреварот.

Младиот Гонзалес неодамна беше европски младински шампион со Шпанија и му се предвидува светла иднина.

Гонзалес оваа сезона настапуваше и за вториот тим на Реал Мадрид. Запиша 16 настапи, а на другите натпревари седеше на клупата на првиот тим.

Натпреварот помеѓу Реал и Валенсија е закажан за в сабота од 16 часот и 15 минути.

Share

The post Реал со дебитант на голот против Валенсија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK