април 21, 2026

Полициски службеници од дебарското одделение лишиле од слобода жител на село Голем Папрсдник, откако кај него пронашле марихуана.

– Синоќа во 21:30 часот на раскрсницата помеѓу селата Новак и Долгаш, лишен од слобода е Е.Д., на возраст од 38 години од село Голем Папрадник, општина Центар Жупа, кој управувал патничко возило и бил сопрен од полициските службеници. Кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираа од Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР – Дебар, вчера во 10:10 часот, го привеле К.Х., на возраст од 58 години од Република Албанија, поради илегален премин на државната граница. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK