април 20, 2026

Големата награда на Јапонија засекогаш ќе ја памети 18-годишниот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели. Младиот Италијанец на крајот го освои шестото место, но собори и два рекорди кои претходно ги држеше Макс Ферстапен, победникот на Јапонското ГП и актуелен четирикратен шампион во Формула 1.

Првиот рекорд што го собори беше оној за најмлад возач кој водел на трка. Антонели тоа го постигна со влегување во боксот последен од сите возачи од горниот дел од поредокот, па пред да застане да менува гуми беше во водство неколку круга.

Ферстапен за прв пат во кариерата водеше кога имаше 18 години и 228 дена, а Антонели беше четири дена помлад на денешната трка на патеката во Сузука.

Антонели го собори вториот рекорд веднаш по враќањето од боксот со нови гуми.

Италијанецот го постави најбрзиот круг и стана најмладиот возач во историјата со најбрз круг на трка. И тука рекордер беше Ферстапен, со тоа што за прв пат го имаше најбрзиот круг на 19 години.

По првите три трки од дебитантската сезона, Антонели е на петтото место во генералниот пласман со 30 бодови.

Share

The post 18-годишникот на Мерцедес собори два рекорди на Ферстапен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK